Земјотрес од 7,7 степени во Јапонија

Земјотрес со интензитет од 7,7 степени според Рихтеровата скала го погоди североисточниот брег на Јапонија, соопшти Јапонската метеоролошка агенција. Епицентарот на земјотресот се наоѓал крај брегот Санрику на истокот од земјата, на длабочина од 10 километри.

Предупредување за цунами е издадено и за делови од североисточниот дел на земјата. На жителите им е кажано „веднаш да се евакуираат“.

Првите цунами бранови стигнаа до брегот на Јапонија, а според податоците од локалната метеоролошка агенција, највисокиот измерен бран досега достигна 80 сантиметри.

Главниот портпарол на јапонската влада изјави дека засега нема извештаи за повредени или поголеми штети. Агенцијата за управување со пожари и катастрофи даде слична изјава, потврдувајќи дека немаат извештаи за штети или повредени, вклучително и во електраните и другите објекти.

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости