❓ 🇰🇷 Зошто беше прогласена вонредна состојба во Јужна Кореја?

Опозицијата на Јужна Кореја започна постапка за импичмент откако Јун Сеок-Јол воведе вонредна состојба во земјата. Шефот на државата ја објасни својата одлука со тоа што сака да ги „искоренат просевернокорејските сили“, односно опозицијата. Но, парламентот на земјата не ја поддржа одлуката на претседателот

Илјадници Јужнокорејци денеска протестираа во Сеул, барајќи оставка од претседателот Јун Сук-јеол. Вчерашното прогласување на воена состојба, кое траеше само седум часа, предизвика бурни реакции од јавноста и опозицијата.

Реакции од НАТО и ЕУ

НАТО и ЕУ го поздравија укинувањето на воената состојба, оценувајќи го како доказ дека Јужна Кореја останува посветена на владеењето на правото. Ова е првпат од 1980 година да се прогласи воена состојба, тогаш искористена за насилно задушување на демонстрации.

Кризата во Јужна Кореја ја зголеми тензијата во земјата. Јавноста, опозицијата и синдикатите упорно бараат оставка од претседателот, а исходот од гласањето за импичмент може да има клучна улога во иднината на владата на Јун Сук-јеол.

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости