Зошто на англискиот динар е врежана фразата „Нема друг бог освен Аллах“?

Историјата на односите меѓу исламот и Западна Европа има длабоки корени. Започнало од моментот кога муслиманите стапнале на европска почва, како на исток, во битките со Византијците во раните векови, така и на запад, каде што успешно ја освоиле Андалузија и напредувале далеку на север, сè до главниот град на Франција, Париз. Да не беше Битката кај Поатје (732), која го спречи напредувањето на муслиманите кон север, според многумина аналитичари, денес на Оксфорд и Кембриџ ќе се изучувал Куранот и хадисот како наука, а Бог знае најдобро.

Во својата книга „Историја на арапските освојувања во Франција, Швајцарија, Италија и медитеранските острови“, Шакиб Арслан докажува дека муслиманското присуство во Западна Европа не било ограничено само на Шпанија, Португалија и Франција. Се протегало сè до Швајцарија и Италија во раните векови на исламот. Така, Европа рано дознала за оваа новата доктрина и религија и нејзините следбеници, што неизбежно влијаело врз неа културно и цивилизациски.

Сепак, односите на исламот со Европа не беа ограничени само на војни и конфронтации. Тие исто така вклучуваа политички, економски и дипломатски врски. Големиот исламски процут за време на ерата на Емевиите и Абасидите, како и брзиот развој на науката, трговијата и економијата, ја направија исламската цивилизација стандард што западните нации се обидуваа да ја имитираат и следат до денес.

Ова го потврдува историчарот Вил Дјурант во својата „Историја на цивилизацијата“, каде што пишува: „Пет века, од 700 до 1200 година, исламот заземаше водечка позиција во светот по моќ, организација, територија, култура, цивилизација, животен стандард, праведно законодавство, верска толеранција, уметност, науки, медицина и филозофија“.

Овој расцут на моралот, религијата и науката ја направи исламската цивилизација модел за целото човештво.

Офа Рекс и неговото време

Еден интересен доказ за ова влијание било откривањето на златен динар кован во Британија со исламски натписи.

Ова откритие е направено во 19 век, но самиот динар е издаден многу пред тоа. Датира од VIII век, ерата на владеењето на англосаксонскиот мерсиски крал Офа (Офа Рекс). Офа бил еден од најмоќните кралеви на Англија, кој успеал да ги обедини различните англосаксонски кнежевства под власта на Мерсија.

Тој владеел околу 40 години (757–796) и се смета за еден од основачите на обединета Англија. Сепак, најважното прашање е зошто овој англиски крал ковал динар со исламски натписи и зошто тој бил пронајден во Рим?

Историски контекст

Помеѓу 4-ти и 6-ти век, Британија доживеала инвазија од германски племиња: Англите, Саксонците и Јутите, кои пристигнале од територијата на денешна Данска, Германија и Шведска.

Тие ги презедоа Британските острови, принудувајќи ги домородците да избегаат во Велс. Сепак, наскоро започнаа меѓусебни војни меѓу освојувачите, што доведоа до формирање на седум кралства, меѓу кои Мерсија стана доминантна. Офа успеал да ја консолидира својата моќ преку моќна армија и економски реформи. Тој сфатил дека за просперитет на кралството, потребна е развиена трговија.

Една од неговите изреки е: „Секој крал кој се стреми да го подобри животот на својот народ и да постигне величина мора да ја поддржува и развива трговијата“.

Како дел од оваа политика, тој се обидел да воспостави односи со водечките гео-политички и светски сили во тоа време, вклучувајќи ја Каролиншката империја на Карло Велики и муслиманскиот свет, кој бил на врвот на својата моќ под Емевсикиот халифат.

Динарот на Офа Рекс и неговото значење

На почетокот на владеењето на Офа, неговите монети носеле традиционални христијански симболи: крст и портрет на кралот.

Сепак, кон крајот на неговото владеење ситуацијата се промени – се појави златен динар со арапски натписи.

На предната страна на динарот е врежано: „Мухаммед е Пратеник на Аллах, го испрати со упатство и вистинска религија/вера, за да ги надвладее сите други“.

Во центарот: „Нема божество достојно за обожување освен Аллах, Тој е Еден, нема партнери.“

На задната страна: „Во името на Аллах, овој динар е кован во 157 година по Хиџра (774 година од нашата ера)“

Во центарот има и латински натпис: „OFFA REX“ (Крал Офа).

Зошто Офа го избра исламскиот симболизам?

Постојат неколку објаснувања.

Трговија со муслиманите.

Едно од најверојатните објаснувања е дека Офа се обидел да ги зајакне трговските врски со исламскиот свет, кој доминирал во меѓународната економија.

Во VIII век, Емевискиот халифат издавал златни динари, кои биле стандардна валута на Медитеранот, а европските држави се обиделе да ги прилагодат своите монетни пари на овие стандарди. Можеби кралот Офа сакал да произведе монета што би била прифатлива за трговците во исламскиот свет.

Почит кон Папата?

Во тоа време, имало тешки односи меѓу Офа и Папството. Според некои извори, тој испраќал 365 златници годишно во Рим како данок.

Можно е кованиот динар да бил дел од ова плаќање, но тогаш се поставува прашањето: зошто Папата би прифатил монета со исламски натписи? Имитацијата на Емевискиот халифат, британскиот историчар Хенри Блант ја истакнува дека европските монарси се обидувале да ги имитираат емевиските динари бидејќи тие симболизирале моќ и финансиска стабилност.

На пример, Карло Велики активно развивал односи со халифатот на Харун ал-Рашид, што се потврдува со размена на подароци меѓу нив.

Дали Офа бил муслиман?

Некои историчари сугерираат дека ковањето на исламскиот динар укажува на можно преобраќање во ислам од страна на кралот Офа.

Постојат неколку фактори кои ја поддржуваат оваа хипотеза: Трговски односи со муслиманите.

Муслиманските трговци не само што воделе бизнис, туку и ја ширеле својата вера.

Сличности помеѓу динарот на Офа и динарите на Емевиите.

Тоа е речиси идентично со багдадските монетите на калифот ал-Мансур. Отсуството на други монети на Офа со крст во подоцнежниот период од неговото владеење. Исчезнувањето на многу документи од неговата ера може да укажува на намерно прикривање на информации. Иако нема директни докази за преобраќањето на Офа во ислам, постоењето на монета со исламски натписи останува доказ за моќното влијание на исламската цивилизација врз средновековна Европа.

Заклучок: Историјата на англискиот динар со исламски симболи, кован пред околу 1200 години, ја потврдува моќта на исламскиот свет за време на ерата на Емевиите. Без разлика дали Офа бил муслиман или едноставно ги следел економските трендови на своето време, неговиот динар останува симбол на тоа колку исламот влијаел врз средновековна Европа.

 

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости