Словачка: Замрзнатиот водопад Сиклава Скала привлекува голем број посетители

– Со висина од 14 метри и ширина од 30 метри, водопадот се претвори во спектакуларна ледена формација поради постојаните ниски температури во регионот

СКОПЈЕ (АА) – Импресивниот замрзнат водопад Сиклава Скала во округот Списка Нова Вес, Словачка, претставува вистинска зимска атракција, која привлекува голем број посетители, јавува Анадолу.

Со висина од 14 метри и ширина од 30 метри, водопадот се претвори во спектакуларна ледена формација благодарение на постојаните ниски температури во регионот.

Природниот феномен, создаден од замрзнатата вода на водопадот, формира впечатливи ледени ѕидови, столбови и сталактити, што го прават ова место уникатна глетка за љубителите на природата.

Водопадот е едно од највпечатливите места за посета во зима, привлекувајќи туристи и локални жители.

Голем број луѓе пристигнаа во околината на Сиклава Скала, за да уживаат во глетката и да се фотографираат, за да ја овековечат оваа природна убавина.  

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости