Турците од Западна Тракија велат дека слободата на здружување е нарушена во Грција

Турците од Западна Тракија изјавија дека Грција продолжува да замижува пред кршењето на нивните права и дека нивната слобода на здружување се нарушува и покрај одлуките на Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП), известува Анадолу.

Во соопштението што го објави Европската федерација на Турците од Западна Тракија, дадена е реакција на писменото соопштение што го издаде грчкото Министерство за надворешни работи како одговор на објавата на социјалните мрежи на Министерството за надворешни работи на Република Туркије по повод 98-годишнината од основањето на Турскиот сојуз на Ксанти.

Во соопштението се наведува дека Грција го евалуира Договорот од Лозана според сопственото толкување и упорно избегнува да воспостави директен дијалог со турската заедница во Западна Тракија.

„Колку што се по потекло од Грција христијаните што живеат во Истанбул, Ѓокчеада и Бозџада, толку сме и ние Турци, кои со векови живееме во Западна Тракија“, се вели во соопштението, истакнувајќи дека во 2013 година во Ѓокчеада е отворено приватно грчко основно училиште за само 3 деца. Наспроти ова, се истакнува дека едно од најстарите здруженија во регионот е затворено во Западна Тракија со образложение дека во неговото име стои зборот „турско“ и дека дури постои и непријатност поради прославата на годишнината на ова здружение.

Во соопштението се истакнува и дека одлуките на Европскиот суд за човекови права кон Грција во врска со здруженијата, вклучително и Турскиот сојуз на Ксанти, не се спроведуваат 17 години, што отворено го прикажува прекршувањето на слободата на здружување во земјата.

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости