Газа: Израелската Армија изврши напад врз дом на палестинско семејство во Беит Лахија

Екипите на цивилната одбрана спроведоа операции за пребарување и спасување под урнатините во обид да пронајдат преживеани

Израелската Армија денес изврши напад врз дом на палестинско семејство во Беит Лахија во северниот дел на Појасот Газа, јавува Анадолу.

Во воздушниот напад зградата е целосно уништена, додека околните домови претрпеа сериозни оштетувања.

Екипите на цивилната одбрана спроведоа операции за пребарување и спасување под урнатините во обид да пронајдат преживеани.

Според медицински извори и локалните медиуми, најмалку 30 Палестинци се убиени во низа нови напади низ веќе разурнатиот Појас Газа.

Израелската Армија ја обнови својата офанзива врз Газа на 18 март, и покрај договорот за прекин на огнот и размена на затвореници што беше на сила од јануари.

Од октомври 2023 година досега, во израелските напади се убиени речиси 51.400 Палестинци, најголем дел од нив жени и деца.

Во ноември минатата година, Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Израел се соочува и со случај за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за неговите постапки во енклавата.

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости