Илон Маск донесе Интернет во Газа

Сопственикот на Starlink, кој обезбедува пристап до интернет преку сателитски комуникации, најави дека ќе опреми болница во Газа со интернет конекција.

Шеикот Абдула бин Зајед, заменик-премиер и министер за надворешни работи, му се заблагодари на Илон Маск за опремувањето на теренската болница на ОАЕ во Газа со интернет услугата Starlink на SpaceX.

Системот беше објавен оваа година за да им помогне на здравствените работници да обезбедат грижа во Појасот Газа. Регионот е погоден од прекини во комуникациите од почетокот на израелските напади во октомври.

„Старлинк сега оперира во болница во Газа“, напиша Маск на платформата X.

„Благодарам на Илон Маск за поддршката на теренската болница на ОАЕ во Газа“, напиша шеикот Абдула како одговор.

Маск, пак, одговори на арапски: „Нема потреба од благодарност кога ми е должност“.

Честите прекини на струја ја попречуваат координацијата на помошта за палестинскиот народ, кој се соочува со влошена хуманитарна криза во Газа.

Теренската болница беше основана во декември за да се олесни значителниот товар на медицинските услуги во Газа.

Интернет сервисот Старлинк и овозможи на теренската болница да обезбедува видео консултации во живо на пациентите, изјави директорот на болницата за весникот The National.

„Можеме да соработуваме со болници од ОАЕ и специјалисти од различни земји“, рече директорот на болницата Султан Ал Кааби.

„Добиваме консултации за некои случаи за кои немаме специјализација овде во Газа, со цел да обезбедиме најдобар третман“, додаде тој.

Од почетокот на операциите во декември, комплексот со 200 кревети во градот Рафах лекуваше повеќе од 48.000 ранети Палестинци.

„Примивме 48.704 пациенти и извршивме 1.773 операции“, рече д-р Ал Кааби.

 

TRT English

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости