Кувајтската болница во Газа: Медицински залихи за само уште една недела

„Поради тековната израелска агресија и затворањето на (граничните) премините, здравствениот систем е на работ на колапс“

– Специјализираната Кувајтска болница во градот Рафа, во јужна Газа, денес предупреди дека можно е да престане со работа, објавувајќи дека има медицински залихи за само уште една недела, јавува Анадолу.

„Поради тековната израелска агресија и затворањето на (граничните) премините, здравствениот систем е на работ на колапс“, соопшти болницата.

Оттаму рекоа дека повеќе од 75% од основните лекови сега се недостапни во нејзините залихи, што сериозно го оневозможува медицинскиот персонал да обезбеди клучно лекување на пациентите.

Болницата предупреди дека основните услуги, особено интензивната нега и третманот на хронични болести, сега се сериозно загрозени и дека доколку не се преземат итни мерки за достава на медицински залихи, повеќето здравствени услуги би можело да прекинат.

Апелираше до меѓународните хуманитарни организации итно да интервенираат и да спречат претстојна здравствена катастрофа во Газа.

Предупредувањето доаѓа во услови на веќе влошена хуманитарна ситуација. Од 2 март, Израел го блокираше влегувањето на сета помош, лекови, храна и комерцијална стока во Газа.

Речиси 52.500 Палестинци се убиени во Газа во бруталните израелски напади од октомври 2023 година, повеќето од нив жени и деца.

Минатиот ноември, Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана, Јоав Галант, за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Израел се соочува и со случај за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за своите воени дејства во енклавата.

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости