По девет години жител на сириски Алепо се враќа во својот роден крај, затекнувајќи го уништен до темел

Меѓу урнатините Мухамед не нашоѓа ни трага од улиците каде што го минал детството ниту некој знак од неговите соседи

 – Касим Абу Мухамед, по девет години поминати во камп за раселени лица, се врати во својот некогашен дом во сириски Алепо, но го затекна уништен до темел. Наместо улиците од неговото детство и соседите со кои растел, пред него се простирале само урнатини и празни улици, јавува Анадолу.

Во 2016 година, поради конфликтот во Сирија, е принудно раселен од својот дом и со семејството се засолнил во кампот Шамарин, во северниот дел на покраината Алепо.

Речиси девет години Мухамед живее во шатор, борејќи се да преживее со своето семејство.

Конечно, по падот на режимот на Асад, добива можност да се врати во својот роден град. Но реалноста со која се соочи е разочарувачка.

Меѓу урнатините Мухамед не нашоѓа ни трага од улиците каде што го минал детството ниту некој знак од неговите соседи.

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости