Шефот на турското разузнавање се сретна со делегација на Хамас на разговори за хуманитарната помош и прекин на огнот во Газа

За време на средбата, тие разговараа за мерките за доставување хуманитарна помош во Газа, каде што се случува голема човечка трагедија поради израелската блокада, и како да се координираат меѓународните напори за ова прашање

 – Шефот на турското разузнавање, Ибрахим Калин, оствари средба со делегација на Хамас на разговори околу начините за доставување хуманитарна помош во Газа при тековната криза предизвикана од израелската блокада и координирањето на меѓународните напори за ова прашање, јавува Анадолу.

Според безбедносни извори, шефот на Националната разузнавачка агенција, Калин, се сретнал со Мухамед Дарвиш, челникот на Шурата, односно Советот на Хамас, и придружната делегација.

За време на средбата, тие разговараа за мерките за доставување хуманитарна помош во Газа, каде што се случува голема човечка трагедија поради израелската блокада, и како да се координираат меѓународните напори за ова прашање.

Тие, исто така, ја разгледаа моменталната состојба на иницијативите насочени за запирање на геноцидното дејствување на Израел во Газа и постигнување траен, сеопфатен прекин на огнот.

Разговорите ја разгледаа потребата од обединет став против плановите на Израел за насилно иселување на населението од Газа.

Нагласено е дека Туркије ќе продолжи да стои покрај народот на Газа, кој покажува голема решителност и трпение во одбраната на својата земја и покрај израелските напади врз цивилите и тактиките на гладување кои имаат за цел принудно иселување.

На состанокот е отфрлена експанзионистичката и окупациската политика на Израел, потврдувајќи дека секој нов обид за окупација или анексија ќе наиде на цврсто спротивставување.

Нагласена е и континуираната поддршка на Туркије за сите меѓународни напори кон траен прекин на огнот.

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости