КОЛУМНА НА ЧАРШИЈА ТАЈМС: Муслиманите со христијански менталитет (mindset)

Во името на Аллах нека е салават и селам на последниот веровесник Мухаммед Саллаллаху алејхи ве селлем неговата чесна фамилија и неговите Асхаби.

Во последно време се повеќе и повеќе сме сведоци како некои теории на заговор делумно или целосно се овистинуваат и тоа стана голема посластица на многу лежилебови и многу денгубници кои немаат попаметна работа освен да измислуваат разни теории на заговор во кои најчесто има малку вистина измешана со многу невистина.

Е сега некој ќе праша каква врска има тоа со муслиманите?

Па има и тоа голема врска, сетете се само што се` се случуваше за време на корона вирусот и како многу муслимани потпаѓаа под влијанието на многу глупави теории (не тврдам дека се што медиумите и СЗО ни го кажуваше за корона вирусот е точно, но некои теории навистина не да немаа смисол туку беа и глупави).

Како и пред неколку години така и сега а и пред корона вирусот муслиманите, посебно оние кои живеат на Запад, па се константно изложени на западниот поглед на свет кој го има во два типа и тоа либерален и прохристијански поглед на светот, секој со свој специфичен начин на гледање на случувањата во светот, па така оние муслимани кои од ислам имаат само име, кај нив не е ни чудно што веќе го прифатиле либералниот поглед на свет и нивниот „ислам“ односно колку се тие муслимани е под знак прашалник, додека оние муслимани кои малку повеќе практично го применуваат исламот тие се поблиски до оној прохристијански свет меѓу немуслиманите на Запад затоа што ги гледаат сличностите помеѓу нив и нас т.е. борбата за семејни вредности, морал, анти лгбт, анти абортус итн, меѓутоа покрај позитивното за жал го прифатиле и негативното односно неспремноста вината да се гледа кај себе па се измислува се и сешто да се обвини некој друг за нашата непогодна состојба во светот.

Тоа по што се познати прохристијанските струи се неподготвеноста вината за пропаста на христијанскиот свет да ја бараат кај себе пред се во нивната главна доктрина, корумпираноста на црквата и корумпираноста на мнозинство “христијани” и така низ годините многу христијански мислители почнале да истражуваат, но и да измислуваат разни теории на заговор, во кои се разбира главни се евреите кои прават заговори да го уништат христијанството, иако тоа делумно стои меѓутоа на реалноста и е даден преголем суперлатив, испаѓа како евреите да се на ниво на божество кое може да прави што сака и да контролира се во светот, но никој од тие теоретичари нема дадено одговор на прашањето како е можно мнозинството христијански народ толку да се одметне од христијанството?

Ајде добро евреите ги поткупиле кралевите подоцна претседателите на државите и свештениците, но како преку 95% од христијаните живеат секако само не по Библијата? Никој не може со сила да ги натера толку многу луѓе ако тие не сакаат и се големи верници, што доволно покажува дека поголемиот дел од вината за пропаста на христијанскиот свет се самите христијани а некои таму масони, илумимати, Језуити итн. Кои секако имаат свој удел во сето тоа, но, главната вина е во мнозинството луѓе кои едноставно не живеат согласно христијанските прописи бидејки се убедени дека Исус Христос веќе платил за нивните гревови и тоа ги ослободува од било каква одговорност и може да прават што сакаат па макар тоа се косело со Божјите заповеди.

Како христијаните за жал и муслиманите денес вината за општата лоша состојба во која се наоѓа исламскиот уммет ја гледаат во евреите т.е. ционистите, масоните, илумиматите итн како да се работи за муслимани кои го практикуваат исламот онака како што наредува Аллах, а всушност реалноста е сосема поинаква, ретко каде ќе најдете 30% од муслиманското население редовно да обавува намаз(молитва), најчесто тој процент е 10-20%, колку само муслимани прават разни облици на ширк(политеизам) од барање помош од Аллаховиот веровесник Мухаммед Саллаллаху алејхи ве селлем, барање помош од мртви евлии, читање хороскоп, гледање во кафе, одење по гатачи, бајачи, нарачување разни сихрови (црни магии) кај сихирбази (маѓепсници), колку муслимани се коцкаат во казина во спортски обложувалници по кафеани, колку муслимани пијат алкохол, пушат наргиле и цигари, лажат, крадат, работодавците не исплаќаат добри и редовни плати, работниците не одат навреме на работа и кога работат, не работат најдобро што можат, како што наредил Аллаховиот веровесник Мухаммед Саллаллаху алејхи ве селлем, колку муслимани прават блуд, мажи и жени, колку муслимани живеат од харам заработка, колку муслимани јадат камата, земаат каматни кредити кои се строго забранети во исламот, речиси и нема да најдете муслиман кој живее и работи во Европа да нема кола или стан на кредит, а Аллаховиот веровесник Мухаммед Саллаллаху алејхи ве селлем рекол: „каматата е толкав грев како да имаш интимен однос со својата мајка“ па зарем масоните и илумиматите им се виновни за тоа? Кој ги присилува да купуваат станови во Италија, Германија, Швајцарија итн иако имаат куќи во своите родни места?

Кој масон ги присилува да купуваат луксузни автомобили на каматен кредит иако можат да си дозволат да купат поскромен автомобил, колку муслимани немаат проблем да подмитат полицаец ако направат сообраќаен прекршок итн итн. Корупцијата цвета во срцата на мнозинството муслимани а во исто време сакаат чесни луѓе на власт.

Па зарем ова е начин на кој треба да живее еден верник муслиман? Како може да очекуваме подобро утре кога вака живееме и работиме денес? Како сакаме да се подобри општата состојба на умметот(исламскиот свет) кога умметот не се менува на подобро, а Аллах јасно ни кажува во Кур’анот: „Аллах нема да ја промени состојбата на еден народ се додека тој народ не се промени.“

И пак масоните, ционистите ни се виновни па пропаѓаме под влијанието на христијаните и не сакајќи да се промениме кон подобро се лажеме себеси дека ние сме всушност во ред и како само некој таму од сенка ни прави сплетки и замки и не можеме да се издигнеме таму кај што сакаме, а зарем Аллах не ни порачува во суре Али Имран: „Ако бидете стрпливи и богобоплашливи нема вам да ви наштетат нивните сплетки, замки и нивното лукавство Аллах добро знае што тие прават“ , а како да бидеме богобојазливи кога живееме спротивно на исламските прописи?

Најпрвин треба да живееме согласно исламските начела и закони, па потоа да бидеме трпеливи и да очекуваме добри резултати и да ни се промени состојбата на подобро, се дотогаш бадијала ќе се нервираме и ќе ја бараме вината таму или онаму, а вината е кај нас самите.

Пишува: Ф. В.

Македонија

Ставовите изразени во овој текст се на авторот и не мора да ја одразуваат уредувачката политика на Чаршија Тајмс.

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости