Во името на Аллах(Бог), нека е салават и селам(Божји мир и спас) на Аллаховиот пратеник Мухаммед Саллаллаху алејхи ве селлем а потоа:
Сведоци сме повеќе од една година на константни терористички напади од страна на терористичката т.н. “држава Израел” врз Палестинците во Газа и многу муслимани повеќе од една година се прашуваат кога ова ќе заврши и зашто ниту една муслиманска држава не тргна да ги брани Палестинците во Газа?
Ако се вратиме назад низ историјата, ќе наидеме на примери каде за една заробена, не убиена туку само заробена муслиманка од страна на Византиската империја, Халифата Му’тесим Биллах ја кренал цела војска со цел да ја ослободи таа една жена муслиманка, а сега на десетици илјади муслимани се убиваат, затвораат и мачат а ниеден муслимански владетел не мрда со прст, ако некој се прашува зашто е тоа така?
Одговорот е јасен, затоа што тогаш исламскиот свет бил обединет во една држава (во случајот со Му’тесим две држави, Аббасидскиот Хилафет и Умејадскиот(Емевиски) Емират во Шпанија), и не биле муслиманите расцепкани на десетици мали држави (тогаш кога тоа се случило и во минатото, тие мали држави војувале меѓу себе во сојуз со крстоносците, што значи дека било слично или исто како сега) чии лидери не се грижат ни за народот во својата држава а камоли во другите муслимански држави, сите ги веат своите знамиња кои им ги дале колонизаторите и сите сакаат да имаат своја држава со цел да се на власт, наместо да се стремат кон обезбедување на исламскиот-муслимански свет, за жал и палестинското знаме кое многу од нас го веат и го ставаат на социјалните мрежи, и тоа знаме е продукт на колонизаторите исто како и повеќето знамиња на земјите од Блискиот Исток, тоа не е исламско знаме туку колонизаторски симбол којшто се уште не е отстранет од срцата на муслиманите и тоа треба да ни е јасно, пред некој ден бевме сведоци на дивеење на некои Албанци кои го славеа денот на албанското знаме, знаме кое е продукт на Ватикан и Австро-унгарија како и самата албанска држава, неслучајно е одбран токму симболот на Ѓорѓија „Ѓерѓ“ Кастриот кој од страна на тогашниот Папа бил наречен Христов Шампион и спасител на католичка Европа од Османлиите.
На Албанците кои биле најверни на Османлиите им е наметната лажна историја и митологија и лажни народни херои се со цел на Албанците да им се наметне католичка свест а да им се избрише исламската свест, неслучајно најстрогиот комунистички режим во светот беше во Албанија каде што се форсираше лажна историја и албански национализам и шовинизам а исламот беше строго забранет до толку што дури беа забранети муслимански имиња, наместо тоа ма децата им се даваа имиња на пагански грчки и илирски божества и албански секуларни имиња, (слично им се правеше и на муслиманите во комунистичка Бугарија).
Најголемата трагедија на сето ова е што има муслимани кои клањаат редовно па дури и имами, оџи и професори по исламски науки кои се горди на својата нација и национално потекло и со гордост ги веат тие исти знамиња кои им ги наметнале колонизаторите било да се работи за албанското, турското, босанското, палестинското, египетското, знамето на ОАЕ итн.
И како да очекуваме од такви муслимани и од нивните лидери да ги бранат муслиманите во Газа, Бурма, Сирија, источен Туркистан или било каде во светот, повеќето муслимани националниот идентитет го ставаат пред исламскиот, па немој да ве чуди кога некој Бошњак ќе дојде со изјава од типот: „Мене ми е поблизок Србин или Хрват од Арап или Пакистанец”, тоа е нормално таму каде секој идентитет е ставен пред верскиот. Ова е само еден проблем а во овој уммет има многу други проблеми за кои ќе стане збор во иднина
Инн-Шаа-Аллах(ако даде Бог).
Пишува: Ф. В.
Македонија
Ставовите изразени во овој текст се на авторот и не мора да ја одразуваат уредувачката политика на Чаршија Тајмс.





