Премиерот Мицкоски се сретна со Клакочар-Зупанчич претседателка на Државниот збор на Република Словенија

Премиерот на Северна Македонија, Христијан Мицкоски, денес оствари средба со претседателката на Државниот збор на Република Словенија, Уршка Клакочар-Зупанчич, која е во официјална посета на Скопје, јавува Анадолу.

Како што објави Мицкоски на социјалните мрежи со фотографии од приемот, средбата била можност да се потврдат пријателските и партнерските односи меѓу двете земји, како и да се отворат нови можности за соработка во повеќе области од заемен интерес.

„Разменивме мислења за унапредување на парламентарната соработка, со посебен акцент на размената на искуства и добри практики, како и на улогата на парламентите во процесите на европска интеграција и регионална стабилност“, напиша Мицкоски.

Тој, исто така, рече дека изразил благодарност за континуираната поддршка што Словенија ѝ ја дава на Северна Македонија на нејзиниот европски пат, како и за јасната и недвосмислена позиција за важноста од забрзување на процесот на пристапување на земјите од Западен Балкан во Европската Унија (ЕУ).

Клакочар-Зупанчиќ во рамките на официјалната посета вчера попладне беше примена на средба од претседателот на Собранието на Северна Македонија, Африм Гаши.

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости