Промоција на книгата „Исламскиот идентитет на Европа“

На 27 декември 2024 година, во преполната сала на „Музеј на македонската борба за самостојност“, беше одржана промоцијата на книгата „Исламскиот идентитет на Европа“ од академик Ферид Мухиќ, издадена од страна на издавачката куќа БЕЛИГ. Промотори на книгата беа проф. д-р Виолета Пирузе и самите автор, академик Ферид Мухиќ. Книгата ќе биде достапна во сите поголеми книжарници.

Здружението „Белиг“, познато по своето активно учество во промоцијата на културолошки и верски вредности, до сега има издадено повеќе од десет значајни наслови, меѓу кои се „Патот за Мека“, „Основи на иманот“, „Подарок за сестрата“, и други. Покрај издаваштвото, здружението активно работи на продуцирање на видео материјали и организирање на подкастот „Диван“, кој нуди инспиративни дебати со истакнати личности од различни области.

„Целта на нашите активности е да поттикнеме размислување и дијалог за важни прашања кои се од значење за заедницата,“ истакна м-р Абдурахман Салоски, еден од членовите на здружението „Белиг“.

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости