Специјални рамазански пијалаци низ светот

Месецот на постот Рамазан и духовното размислување за муслиманите е и повод за специјални празнични пијалаци кои ги придружуваат ифтарските оброци. За време на светиот месец , муслиманите ширум светот постат од утро до мрак.

Еве неколку традиционални пијалаци кои често се поврзуваат со Рамазан кои им помагаат на муслиманите да ги надополнат своите електролити и да уживаат во оброците за ифтар.

Тамаринд шербет

Во Туркије, познатиот османлиски шербет се прави со овошје тамаринд варено со 41 различен зачин 8 часа.

Во османлиската култура, шербетите биле најпопуларните пијалоци 

Џалаб

Сладок сируп направен од розова вода, урми и меласа од грозје кој често се служи со мраз, борови ореви и суво грозје.

Џалаб е познат во Палестина, Сирија, Либан и Јордан.

Рух Афза

Во Индија и соседните земји, Рух Афза е познат како сладок, розов

концентриран сируп од овошје, рози и билки послужен со ладна вода или млеко.

Сок од рогач, или хароб

Мелените мешунки од рогач се варат со вода за да се карамелизира шеќерот што го содржат, а потоа се филтрираат за да се направи популарниот ладен пијалак.

Пијалакот се прави во Либан, Палестина и Египет.

Хело Мур значи „горчливо“ и се служи што е можно поладно во една од најжешките земји во светот 

Хело Мур

Во Судан, темно кафеавиот пијалак се подготвува со компресирани и исушени листови ферментирана пченка и зачини, кои потоа се натопуваат во вода и се ставаат во фрижидер неколку часа.

Кмар ал-Дин

„Месечината на религијата“ е сладок пијалак направен од суви листови од кајсија.

Откако листовите се натопени во вода, добиената густа течност се меша со шеќер и розова вода, нудејќи им шеќерен удар на оние кои го пијат.

Се верува дека овој пијалак потекнува од Сирија.

TRT Балкан

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости