✡️ Иако, општо е прифатено дека „Ѕвездата на Давид“, или шесткрака, денес е исклучиво симбол на Израел, но, малкумина знаат дека во муслиманската култура овој симбол има големо значење, а муслиманите со векови го третирале со голема почит. Тоа ќе рече, „Давидова ѕвезда или Ѕвездата на Давид“ не е екслузивно еврејски симбол.
Според исламот, и Пратеникот Давид/Давуд а.с. и Пророкот Соломон/Сулејман а.с. се многу респектабилни личности. За време на неговиот живот, кралот Соломон а.с. го врежал хексаграмот во еден од неговите печатени прстени и постојано го носел како симбол на неговата моќ. Од таа причина, муслиманите веруваат дека прстенот на Соломон или Сулејман а.с. го имал овој знак и затоа денес многу џамии може да ги најдеме со овој симбол како го имаат како на самото видео.





