Без танга и бикини: Руски базен клуб воведува нови правила

Кодексот на облекување за базенот на спортскиот клуб Фитнес Плажа во Санкт Петербург им забранува на женските посетители да носат некои видови на костими за капење. Ова го пренесува Телеграмскиот канал „Подиом“ , објавувајќи фотографија со постер на кој јасно е наведен кодексот на облекување. Забранети се костими за капење со танга, бикини … Всушност, од клиентите се бара малку повеќе „сенс“ за облекување на базен, со објаснување дека спортскиот клуб не е одморалиште, а меѓу другото, тука доаѓаат и мали деца. Во базенот можете да пливате во костими кои се ‘попристојни’, едноделни костими за капење, а исто така и во буркини.

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости