Хутите велат дека 53 лица, меѓу кои пет деца и две жени, биле убиени во воздушните напади на САД. Повредени се 98 лица.
Како одговор, групата го нападнала носачот на авиони USS Harry S. Truman во Црвеното Море, истрелувајќи 18 проектили и беспилотно летало.
🗣 Претходно, Трамп најави почеток на „решителна воена акција“ против Хутите, обвинувајќи ги за пиратерија и тероризам против бродови.
🇾🇪 Хутите напаѓаат бродови поврзани со Израел од крајот на 2023 година во знак на солидарност со Газа. Групата ги прекина нападите во јануари, откако беше објавен прекин на огнот, но се закани дека ќе ги обнови откако Израел ја блокираше помошта за Палестинците во март.





