– Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес го поздрави неодамнешното прифаќање на прекинот на огнот од страна на Украина во конфликтот со Русија, изразувајќи надеж дека Москва ќе одговори „конструктивно“ на тоа, јавува Анадолу.
Ставот на Туркије за руско-украинската војна е јасен од самиот почеток, рече Ердоган на заедничката прес-конференција со полскиот премиер Доналд Туск во главниот град Анкара, изразувајќи ја и желбата земјите да ја завршат војната со праведен мир.
Ердоган, исто така, ја истакна подготвеноста на Туркије да даде секаква поддршка, меѓу кои и да биде домаќин на преговорите, „доколку најновите случувања ги вратат Русија и Украина на преговарачка маса“.
На регионот му е доста од војни и конфликти, додаде турскиот претседател, изразувајќи ја желбата за мир и решеноста на Туркије да работи за оваа цел.
Ако Европската Унија (ЕУ) сака да го спречи или „дури и да ја преиначи загубата на сила и влијание“, тоа може да го постигне само преку полноправно членство на Туркије во блокот, истакна Ердоган.





