Исламските научници од Саудиска Арабија сметаат дека формирање на нов мезхеб е несоодветно

Во понеделникот, Саудискиот совет на исламски научници (улема) потврди дека предлогот за формирање нова правно исламска школа (мезхеб) не е препорачливо. Во изјавата на Советот за печатот се вели:

„Исламската јуриспруденција, со своите традиционални правни школи и различни правни мислења, ги исполнува сите барања на современиот живот и ги задоволува потребите на исламското право, како што е потврдено со успешната работа на научните организации и фикските совети кои практикуваат колективен иџтихад“.

Исто така, се забележува дека „постојните правни институции позитивно комуницираат со потребите на општеството“.

Оваа изјава на најголемата саудиска верска организација дојде откако истакнатиот саудиски имам, Салих Ел-Мегамси, покрена контроверзии, наведувајќи ја потребата од формирање нова исламска правна школа.

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости