ЈАПОНЕЦ НА СП ВО КАТАР – „Драг шефе, ти благодарам за двете недели одмор“

Јапонец, кој дошол да ја бодри својата земја на Светското првенство во Катар го привлече вниманието со интересен транспарент.

„Драг шефе, ти благодарам за двете недели одмор“, гласи натписот што овој Јапонец го држел за време на натпреварот меѓу јапонската и германската репрезентација.
Фотографијата на ова момче брзо се рашири на социјалните мрежи. Инаку, јапонските навивачи вчера имаа причина за славење. Репрезентацијата на Јапонија во првиот натпревар на првенството ја совлада Германија со 2:1 постигнувајќи два гола разлика за неполни десет минути.

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости