Канадскиот премиер го осуди исламофобичниот напад врз муслиманското семејство

Полицијата во канадскиот град Лондон во провинцијата Онтарио трага по маж под сомнение за подметнување пожар на станбена зграда, кој се смета за напад мотивиран од омраза на верска основа. Според инспекторите, непознат маж на 8 јуни околу 21:30 часот по локално време се појавил во домот на едно муслиманско семејство и набргу заминал, земајќи со себе неколку предмети од дворот на куќата.

Истиот маж се вратил во куќата околу 22:30 часот и го запалил предниот трем пред да побегне. Пожарникарите успеале да го изгаснат пожарот, а за чудо нема жртви. Меѓутоа, пожарот предизвикал штета на домот од околу 30.000 долари. Маж меѓу 30 и 50 години облечен во темни панталони, светло сив џемпер со патент, темна капа и медицинска маска е ставен на листата на барани лица, пишува IslamNews повикувајќи се на CTV News. Детективскиот инспектор Алекс Кригсман потврди дека полицијата го третира подметнувањето пожар како злосторство од омраза.

„Свесни сме за неколку други инциденти што се случија во истата резиденција од првата недела на мај, а кои вклучуваат материјална штета, кражба и оставени заканувачки белешки“. Премиерот Џастин Трудо го осуди исламофобичниот напад. „Моето срце е со муслиманското семејство во Лондон чиј дом беше нападнат синоќа во чин од омраза. Канаѓаните видоа колку е опасна и грда исламофобијата. Мора да продолжиме да се соочуваме со неа каде и кога и да ја видиме“, нагласи Трудо.

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости