Пакистанскиот премиер го осуди убивањето на над 50.000 Палестинци во Газа

„Повикавме на итен прекин на огнот и непречен проток на хуманитарна помош за палестинскиот народ. Го повторивме нашиот повик за одржлива, независна и соседна палестинска држава со граници од пред 1967 година и Ерусалим како главен град“

– Пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф остро го осуди бруталното убивање на над 50.000 невини Палестинци за време на заедничката прес-конференција со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во главниот град Анкара, јавува Анадолу.

„Повикавме на итен прекин на огнот и непречен проток на хуманитарна помош за палестинскиот народ. Го повторивме нашиот повик за одржлива, независна и соседна палестинска држава со граници од пред 1967 година и Ерусалим како главен град“, рече Шариф.

Тој ги истакна заедничките напори за да се „победи оваа закана од тероризам“ не само во Пакистан и Туркије, туку „насекаде низ светот“, истакнувајќи дека долгогодишните сојузи се менуваат и отстапуваат место на нови.

Пакистан и Туркије се фокусираа на „зајакнување на економската соработка, особено преку заеднички вложувања и инвестиции“, во секторите како што се енергетиката, ИТ-секторот и инфраструктурата, со надеж дека двете страни ќе ја исполнат „заемно договорената цел за зголемување на нивната билатерална трговија на 5 милијарди долари“.

„Одбранбената и безбедносната соработка останува столб на соработката меѓу Пакистан и Туркије“, истакна пакистанскиот премиер.

Тој, исто така, ја пофали „непоколебливата поддршка на Туркије за прашањето за Кашмир“ и ја потврди поддршката на Пакистан за „народот на Турската Република Северен Кипар“.

Туркије и Пакистан се согласија да „продолжат со блиската соработка на мултилатералните форуми“, рече Шариф.

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости