Полна „розова Месечина“ се издигна на небото над Њујорк

Полна Месечина, позната како „розова Месечина“, се издигна зад облакодерите на Менхетен, во срцето на Њујорк синоќа, воодушевувајќи ги сите кои ја набљудуваа од соседниот Њу Џерси, јавува Анадолу.

И покрај името, полна розова Месечина, таа не зрачи со интензивно розова боја, туку добива суптилен златно-розов сјај, што се должи на позицијата на Месечината и атмосферските услови.

Оваа појава е традиционално поврзана со доаѓањето на пролетта и го добила името од старите северноамерикански племиња, кои ја нарекле според дивите розови цветови што во овој период почнуваат да цветаат.

Полната розова Месечина е еден од највпечатливите моменти на априлското ноќно небо и симбол на новиот почеток во природата.  

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости