Статистиката за дискриминација на муслиманите за 2022 година предизвика изненадување?!

Советот за американско-исламски односи (CAIR) објави извештај со статистика за кршење на муслиманските права за 2022 година. Во 2022 година, CAIR забележа 5.156 поплаки од муслимани за прекршување на граѓанските права, што е намалување за 23% од 2021 година, според новиот извештај.

Според организацијата, ова е прво намалување на бројот на повици за исламофобични инциденти во историјата на оваа статистика, од 1995 година, пренесува IslamNews повикувајќи се на Anadolu Agency.

Најчестите видови на прекршување на муслиманските граѓански права вклучуваат дискриминација од страна на органите на прогонот, образованието, спортот, аеродромите, банките, пазарот на трудот, испрашувањата на ФБИ и злосторствата од омраза. Конкретно, бројот на поплаки за дискриминација од страна на органите на прогонот и другите владини агенции се намали за 38%, но бројот на поплаки за исламофобични инциденти во училиштата скокна за 63%.

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости