(ВИДЕО) Гаф во живо: Украинска водителка го нарече Владимир Путин „украински претседател“

Во необичен момент во живо на украинска телевизија, водителка ненамерно го нарече рускиот лидер Владимир Путин – „претседател на Украина“.

Во обид да најави потенцијален состанок меѓу Доналд Трамп и украинскиот претседател, таа изјави:

„Доналд Трамп ќе разговара со украинскиот претседател Владимир Путин.“

Гафот веднаш привлече внимание на социјалните мрежи, каде што корисниците се шегуваа, но и го критикуваа лапсусот, потсетувајќи на тензичните односи меѓу двете земји. Иако водителката брзо се поправи, видеото од моментот веќе вирално се шири.

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости