Восочната фигура на Абрахам Линколн се стопи поради големата топлина Главата на восочната фигура на поранешниот американски претседател Абрахам Линколн изложена пред училиште во Вашингтон, не успеала да преживее поради многу високите температури, објавија денеска американските медиуми.Веднаш по главата се стопиле и нозете, оставајќи го само торзото кое се претворило во безоблична маса од восок, јавува Би-Би-Си.






