Загинати и повредени откако возач со возило влета во толпа луѓе во Канада

Според првичните информации има загинати и повредени откако маж со автомобил влетал во толпа луѓе на уличен фестивал во канадскиот град Ванкувер, известува Анадолу.

Полициската управа на Ванкувер на платформата X објави соопштение во врска со инцидентот.

Во соопштението се наведува дека според првичните извештаи, има загинати и повредени кога возач со своето возило влетал во толпа луѓе на уличен фестивал на филипинската заедница околу 20:00 часот по локално време.

Се истакнува дека возачот на возилото е приведен, но не се дадени детални информации за бројот на загинати и повредени лица.

На социјалните мрежи се објавени снимки на кои се забележува дека на земја лежат најмалку 7 повредени лица.

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости