– Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес ги повика муслиманите да бидат дел од глобалниот процес на донесување одлуки, статус за кој рече дека целосно го заслужуваат, јавува Анадолу.
„Муслиманите, кои сочинуваат четвртина од светското население, мора да бидат застапени во глобалните процеси на донесување одлуки, како што заслужуваат“, рече Ердоган во обраќањето пред странските амбасадори во главниот град Анкара.
Ердоган, исто така, ја нагласи апсолутната неопходност да има исламска земја со право на вето во Советот за безбедност на Обединетите нации (СБОН), точка што тој ја нагласуваше со години како дел од неговата иницијатива „светот е поголем од пет“.
„Да се има исламска земја со право на вето во Советот за безбедност на ОН веќе не е само потреба, туку императив“, порача Ердоган во обраќањето на ифтарската вечера во Истанбул.





