(ФОТО) Малоазиската верверичка се обидува да преживее во тревните подрачја на централна Турција

Малоазиските верверички (Spermophilus xanthoprymnus), или локално познати како „Anadolu gelengisi“ или анадолски стоболки, активно бараат храна низ пространите ливади на Караман, централна Турција, јавува Анадолу.

Верверичките бараат плен и се хранат на отворените тревни површини, нивното претпочитано живеалиште, поради несоодветните услови во изораната почва и шумските подрачја.

Малоазиската верверичка е мал глодар што живее на анадолските висорамнини во централна и источна Турција, како и во соседните Ерменија и Иран.

Популацијата на овој вид глодари се намалува поради губењето на живеалиштата како резултата на проширувањето на земјоделските површини и поради климатските промени.

Тие се сметаат за „речиси загрозен вид“ од страна на Меѓународната унија за зачувување на природата (IUCN).

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости