Турција вети дека ќе се бори против исламофобијата, потсетување на 6-годишнината од терористичкиот напад во Нов Зеланд

„Континуираните напади врз исламските вредности ја нагласуваат потребата меѓународната заедница да ги интензивира своите напори за борба против омразата против исламот“, соопшти Министерството за надворешни работи на Р. Турција.

Одбележувајќи ја шестата годишнина од терористичкиот напад врз две џамии во новозеландскиот град Крајстчерч, Турција во саботата ја изрази својата посветеност на борбата против исламофобијата.

„Турција останува цврста во својата посветеност да ги поддржи сите иницијативи насочени кон справување со омразата против исламот“, се вели во соопштението на Министерството за надворешни работи по повод Меѓународниот ден за борба против исламофобијата.

Исламофобијата е опасна не само за муслиманите, туку претставува и голема закана за меѓународниот мир и социјална хармонија, се вели во соопштението, во кое се оддава почит на 51 лице кои ги загубија животите во крвавиот терористички напад на радикален исламофоб со огнено оружје.

„Континуираните напади врз исламските вредности ја нагласуваат потребата меѓународната заедница да ги интензивира своите напори за борба против омразата против исламот“, се додава во соопштението.

На 15 март 2019 година, Брентон Тарант, австралиски христијанин и бел супремацист, уби 51 лице и повреди 40 други во џамијата Ал Нур и исламскиот центар Линвуд во градот Крајстчерч.

Тој беше осуден на доживотен затвор во 2020 година без можност за условно ослободување, во првата ваква пресуда некогаш донесена во островската држава.

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости