Во живо: Спасувачки акции и на 12-тиот ден од земјотресите во Туркије

Иако изгледа практично неверојатно, но спасувачките екипи не губат надеж во спсувањето луѓе кои преживеале и по 12 дена под урнатините од двата разорни земјотреси

10:40 Над 38.000 загинати од силните двојни земјотреси во јужна Туркије

Најмалку 38.044 луѓе загинаа во двата силни земјотреси што ја погодија јужна Туркије на 6 февруари, соопшти агенцијата за катастрофи рано во петокот.

Повеќе од 264.389 персонал моментално работат на терен, се вели во соопштението на турското Претседателство за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД).

Според АФАД, од регионите погодени од земјотресот досега се евакуирани речиси 38.044 лица.

Сочувство и солидарснос изразија од целиот свет при што многу земји испратија спасувачки тимови и помош.

Вкупно 5.753 странски персонал од 67 земји моментално работат во зоната на катастрофата, соопшти во петокот Министерството за надворешни работи на земјата.

Исто така, се вели дека 101 земја понудиле помош досега, а се очекува уште две земји да испратат спасувачки тимови.

09:00 Продолжува лекувањето на 1.374 повредени лица донесени во Истанбул

Во болниците во Истанбул од подрачјата погодени од земјотресите донесени се 8.555 лица, а продолжува лекувањето на 1.374. Од болница се отпуштени 7.181 лице.

Повредените лица со авионите на Турските вооружени сили и Министерството за здравство донесени се во Истанбул. Повредените со возилата на брзата помош однесени се од аеродромот во државните, приватните и унверзитетските болници во градот.

08:00 Момче меѓу тројцата преживеани извлечено живо 260 часа по земјотресите во Туркије

Спасувачите извлекоа 12-годишно момче и двајца мажи од урнатините, повеќе од 260 часа по земјотресите во кои досега загинаа над 43.000 луѓе во Тукије и соседна Сирија.

Момчето беше спасено од урнатините на зграда во централниот град Антакија, во провинцијата Хатај во 260-тиот час по првиот земјотрес што ја погоди Туркије утрото на 6 февруари, објавија локалните медиуми доцна во четвртокот.

Осман Халебије, странски државјанин, е извлечен од урнатините на стан во населбата Екинчи.

Турскиот министер за здравство Фахретин Коџа го посети момчето во локална болница.

Турскиот министер за здравство Фахретин Коџа го посети Осман Халебије во болница во провинцијата Хатај. (АА) AA

Уште две лица беа извлечени живи од урнатините во истата провинција, но овие спасувања стануваат сè поретки.

Двајцата мажи, Мехмет Али Сакироглу (26) и Мустафа Авџи (34) беа спасени од урнатините на зграда во областа Антакија во 261-от час по првиот земјотрес со јачина од 7,7 степени.

Воодушевените роднини на повредените веднаш се упатиле во болницата каде што се сместени двајцата мажи.

07:00 Драматични спасувања и апели за помош

Неслихан Килич (42) беше извлечена од урнатините во централната провинција Кахраманмараш 257 часа по земјотресите.

Сопругот и двете деца на Килич се уште се водат како исчезнати.

Си-Ен-Ен Турк соопшти дека повеќе од 250 луѓе ги загубиле животите во комплексот висококатници каде Килич бил пронајдена жива.

Спасувачите ја пронајдоа и Алејна Олмез (17) жива под урнатините во областа Дулкадироглу во провинцијата Кахраманмараш, со што заврши нејзиното 248-часовно мачење.

Обединетите нации во меѓувреме започнаа апел за 1 милијарда долари за помош на жртвите во Туркије.

„Ја повикувам меѓународната заедница да ги засили и целосно да ги финансира овие критични напори како одговор на една од најголемите природни катастрофи на нашето време“, рече генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.

Тој рече дека „Туркија е дом на најголемиот број бегалци во светот и со години покажува огромна солидарност кон своите сириски соседи“, па затоа е време светот да го поддржи турскиот народ.

Шефот за хуманитарна помош на ОН Мартин Грифитс, кој ги посети двете земји погодени од земјотресот минатата недела, рече: „Народот во Туркије доживеа неискажлива болка во срцето“.

Канцеларијата на Грифитс соопшти дека околу 47.000 згради се уништени или оштетени.

„Мораме да застанеме со нив во нивните најтемни часови и да се погрижиме да ја добијат потребната поддршка“, рече Грифитс.

TRT Balkan

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости