Израелската армија уби 1.580 здравствени работници во Газа од 7 октомври

Израел продолжува да работи на уривање на здравствениот сектор со уништување на болници и таргетирање на медицинскиот персонал и нивните семејства во геноцидот што го спроведува во Газа.

– Израелската армија уби 1.580 здравствени работници во нападите врз Појасот Газа од 7 октомври, известува Анадолу.

Израел продолжува да работи на уривање на здравствениот сектор со уништување на болници и таргетирање на медицинскиот персонал и нивните семејства во геноцидот што го спроведува во Газа.

Неодамна, на 24 мај, домот на семејството на една лекарка беше цел на напад во Хан Јунис, во јужниот дел на Појасот Газа.

Во денешното соопштение на Министерството за здравство во Газа, се наведува дека 1.580 здравствени работници се убиени во овие напади насочени кон здравствениот сектор од страна на Израел.

Домот на Ела ал-Наџар, лекар во болницата „Насер“ во Хан Јунис, беше цел на напад откако таа го напушти својот дом за да оди во болница.

Во овој напад Израел ги уби 9 од 10 деца на Ела, Јахја (12), Ракан (10), Иф (9), Џубран (8), Рислан (7), Рифан (5), Сидин (3), Локман (2) и Сидра (6 месеци).

Нејзиниот сопруг Хамди ал-Наџар (40), кој е исто така е лекар, и нејзиното дете Адем (11), го преживеаја нападот. Синот Адем со сериозни повреди се лекува на одделот за интензивна нега.

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости