Поранешниот премиер на Турција, Ахмет Давутоглу, ја потресе турската јавност со својата последна изјава во контекст на трагедијата во Газа и колапсот на меѓународната совест пред страдањата на палестинскиот народ.
„Не барам никаква безбедност. Доколку е потребно, подготвен сум да влезам во Газа со боси нозе. Подобро е да умрам со чест, отколку да живеам со срам,“ рече Давутоглу пред новинарите, со длабока решителност и гнев за молкот на светот.
Изјавата на Давутоглу предизвика бран реакции на социјалните мрежи, каде граѓани ја пофалија неговата храброст, додека други прашуваат дали државата ќе му дозволи да дејствува по совеста.





