(ФОТО) Сирија со нов кодекс на плажите – борците за човекови права конечно се разбудија (ама не за Газа, не се секирајте)

Вчера, 10 јуни, сириската влада објави нови правила за облекување на плажите.

Западните медиуми објавуваат дека жените се должни да носат буркини (костим за капење што го покрива целото тело) на сите јавни плажи. Ова е една од промените што се случија по соборувањето на режимот на диктаторот Башар ал-Асад во декември 2024 година.

Министерството за туризам на земјата соопшти дека посетителите на јавните плажи, без разлика дали се туристи или локални жители, мора да ги земат предвид чувствата на различните сегменти од општеството. Жените мора да носат превез или широка наметка преку костимите за капење кога се движат помеѓу плажата и другите области.

Министерот за туризам Мазен ал-Салхани нагласи дека мажите исто така се обврзани да носат кошули според новите регулативи и не им е дозволено да излегуваат во јавност без горна облека.

Дали Сирија конечно ќе го наруши мирот на македонските борци за човекови права?

Новиот кодекс за облекување на плажите во Сирија – можеби токму ова е причината што ќе ги алармира нашите „будни“ активисти. Не беа вознемирени од бомбардирање на болници, убивање деца и целосно уништување на Газа. Но сега, кога некој во Сирија реши да постави правила за облека на плажа – можеби конечно ќе проговорат.

Ќе има ли соопштенија? Ќе следат ли медиумски дебати со „експтерти“ од областа?

Останува да видиме.

 

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости