(ВИДЕО) Египет ги депортираше стотиците Алжирци кои пешачеа до Газа: „Ја продадоа Газа за долари!“

⚠️🇪🇬 Египетските власти привеле и депортирале стотици државјани на Алжир кои пешачеле од својата земја кон Појасот Газа, во знак на солидарност со палестинскиот народ.

🇩🇿🇵🇸 Депортациите предизвикаа бран незадоволство и протести, бидејќи Алжирците биле спречени да стигнат до граничната зона со Газа. За време на нивното приведување и присилно качување во авиони, многумина извикувале: „Каква срамота! Ја продадоа Газа за долари!“

Од вчера вечерта, египетската влада депортира активисти од многу различни земји, вклучувајќи ги Турција, Франција, Алжир, Холандија, Германија и Белгија, од аеродромот без да им дозволи влез во земјата.

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости