Ал Џезира Балкан денес напладне ќе ги емитува последните вести

Ал Џезира Балкан (AJB), регионалната телевизија со седиште во Сараево и програма наменета за целиот регион на Западен Балкан, денес престанува со работа. Поточно, како што наведуваат и вработените на оваа медиумска куќа на социјалните мрежи, AJB денес напладне ќе ги емитува своите последни вести.

AJB емитуваше програма последните 14 години, колку што беа присутни на овие простори.

По повод престанокот со работа на AJB, денеска се огласија и Здружението на новинари на БиХ. Управниот одбор на Здружението на новинари на БиХ и Линијата за помош на новинари ја оценуваат како особено загрижувачка фактот што се гасне медиум „кој имаше целосно стабилно финансирање и високи стандарди за заштита на правата и професионалниот интегритет на своите новинари“.

Новинарите од БиХ ја повикуваат управата и менаџментот на AJB да ги споделат со новинарите и останатите вработени информациите во врска со гаснењето на медиумот, вклучително и причините за оваа драстична одлука. Исто така, Управниот одбор бара менаџментот на AJB отказите на вработените да ги спроведе на законит начин и во согласност со позитивните прописи на Босна и Херцеговина, односно Федерацијата БиХ.

Менаџментот на AJB сè уште нема официјално да се огласи по ова прашање.

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости