Епицентарот на земјотресот е на 167 километри од градот Туал во покраината Малуку, на длабочина од 65,7 км
Земјотрес со магнитуда од 6,7 степени денес го погоди регионот на островите Танимбар во Индонезија, соопштија Германскиот центар за геоистражување (ГЕОФОН), како и Американскиот геолошки завод.
Претходно, ГЕОФОН го измери земјотресот со магнитуда од 7 степени.
Епицентарот на земјотресот е на 167 километри од градот Туал во покраината Малуку, на длабочина од 65,7 км.
Засега нема пријавени жртви или инфраструктурна штета.





