Ал Џезира бара меѓународна заштита за новинарите во Газа – „Газа умира, а и ние умираме со неа“: крикот на новинарите што известуваат

Медиумската мрежа Ал Џезира апелира до меѓународната заедница, медиумските институции, организациите за слобода на печатот и надлежните правни тела да преземат итни мерки за заштита на новинарите во Газа, кои се соочуваат со присилно гладување и систематско таргетирање.

Во последните 21 месец, израелското бомбардирање и организираното блокирање на пристапот до храна и помош ја доведоа целата енклава на работ на хуманитарна катастрофа. Речиси два милиони луѓе во Газа, меѓу кои и новинарите што известуваат од терен, се соочуваат со глад, исцрпеност и постојана закана по животот.

На 19 јули, неколку новинари од Ал Џезира во Газа објавија потресни сведоштва за својата состојба. Енес Ал-Шариф, дописник на мрежата, напиша:

➡️  „Не престанав да известувам ниту еден момент во последните 21 месец. Денес, со болка кажувам: изнемоштен сум од глад, треперам од исцрпеност и се борам со несвестици. Стоиме пред камерата обидувајќи се да изгледаме силно, но внатрешно се распаѓаме. Газа умира, а и ние умираме со неа.“

Генералниот директор на Ал Џезира, д-р Мостефа Суаг, предупреди дека страдањето на новинарите е директен резултат на политиките на окупаторските сили.
„Им го должиме тоа на овие храбри новинари. Светот има морална обврска да го прекине нивното страдање, пред сè поради нивната посветеност на вистината и правдата,“ изјави тој.

Од октомври 2023 година, пет новинари на Ал Џезира се убиени од израелските сили: Самер Абу Дака, Хамза Ал-Дахдух, Исмаил Ал-Гул, Ахмед Ал-Лух и Хусам Шабат — заедно со членови од нивните семејства.

Сепак, новинарите од Газа не се откажуваат. Тие продолжуваат да известуваат за геноцидот, присилното гладување и масовните злосторства, свесни дека тишината би значела целосно затемнување на вистината.

Ал Џезира повикува на итна интервенција на сите релевантни меѓународни тела за заштита на новинарите, кои денес не се само сведоци, туку и директни жртви на воени злосторства.

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости