Македонска делегација на ИДЕФ 2025: Јакнење на одбранбената соработка со Турција

„На покана на министерот за национална одбрана на Република Турција, Јашар Гулер заедно со министерот за одбрана Владо Мисајловски, учествував на Меѓународниот саем за одбранбена индустрија – ИДЕФ 2025 во Истанбул“ – напиша на социјалните мрежи Панче Тошковски – Министер за внатрешни работи на Р.С. Македонија

Саемот беше свечено отворен со обраќање на претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, кој испрати јасна порака за важноста на одбранбената индустрија како клучен фактор за стабилност, безбедност и соработка меѓу сојузниците.May be an image of 4 people and text

ИДЕФ претставува водечка платформа за размена на идеи, технологии и воспоставување нови партнерства со значајни меѓународни чинители во сферата на одбраната и безбедноста.

Во рамки на саемот, министерот Мисајловски оствари значајни средби, меѓу кои и со претседателот на Турската агенција за одбранбена индустрија, г. Халук Ѓоргун. Разговорите беа насочени кон можностите за заеднички проекти, размена на знаење и технолошка поддршка во процесот на модернизација на македонската армија.

Дополнително, на билатералната средба со министерот Гулер беше разговарано за унапредување на одбранбената соработка преку заеднички вежби, обуки и размена на експертиза – со цел јакнење на безбедносната стабилност и оперативната подготвеност.May be an image of 7 people and text that says '性や CANI Czsr zsr Zsr 日3 ን'

Турција останува еден од најблиските и најдолгорочни пријатели на Република Македонија. Двете земји, како сојузнички членки на НАТО, континуирано демонстрираат силна солидарност и партнерство, особено во клучни моменти за регионалната и глобалната безбедност.May be an image of 2 people and text that says '17'nci 17th IDEF Uluslararası Savunma Sanayii Fuarı 22-27 Temmuz 2025 International Defence Industry Fair istanbul 22-27 July 2025 5/DEF 2025 IDEF 2025 IDEF 2025 IDEF 2025'

Нашата држава останува посветена на инвестиции во современи решенија и сојузништва што ја зацврстуваат нејзината безбедност и ја потврдуваат позицијата на Македонија како кредибилен и стабилен партнер.

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости