Врз основа на основните принципи на човековите права, меѓународните хуманитарни норми и
моралната одговорност на меѓународната заедница да дејствува против кршењето на основните
права на живот;
Имајќи ја предвид алармантната хуманитарна ситуација во Појасот Газа, која значително се влоши
како последица на континуираната блокада и пречките за влез на храна, медицинска и
хуманитарна помош на оваа територија;
Истакнувајќи го со длабока загриженост фактот дека главните жртви на оваа катастрофа се децата,
жените и старите лица – незаштитено население што страда од глад, жед, болести и екстремна
несигурност, како резултат на кршење на меѓународните конвенции за човекови права и
меѓународното хуманитарно право;
Собранието на Република Северна Македонија:
1. Решително ја осудува хуманитарната блокада спроведена од државата Израел врз Појасот Газа
и ја смета за забранета форма на колективно казнување според меѓународното право.
2. Итно бара од Израел да овозможи без одлагање влез на хуманитарна помош – храна,
медицински средства и логистичка поддршка – за цивилното население во Газа, во согласност со
меѓународното право и одлуките на релевантните меѓународни органи.
3. Изразува длабок солидарност со палестинското население во Газа, особено со гладните
деца, жените кои ги носат товарите на болката и старите лица кои доживуваат незаслужени
страдања во своите последни денови.
4. Ги повикува Обединетите нации, Европската унија, Исламската Конференција, како и сите
меѓународни организации да го зголемат дипломатскиот и хуманитарен притисок врз државата
Израел за да се запре оваа човечка трагедија.
5. Ги повикува Владата на Република Северна Македонија да ги искористи сите достапни
дипломатски средства за да придонесе за олеснување на страдањата на палестинското
население и да обезбеди конкретна хуманитарна помош, во соработка со меѓународните
организации.
6. Потсетува дека секој човечки живот има вредност, а молчењето пред неправдата е учество во неа.
Ова се имињата на пратениците кои гласаа ЗА: Бејџан Иљаз Беким Сали Дијана Тоска Фериде Хаџиу Имерлие Салиу Фетаи Калтрина Бекири Рина Ајдари Сали Мурати Скендер Реџепи Ваљбона Адили Емини Димитар Апасиев Исмаил Реџеп Сашко Јанчев Борислав Крмов Амар Мициновиќ Јована Мојсоска Предлагачи на резолуцијата: Арбана Пашоли Рина Ајдари Муса Џафери Илирие Даути Дијана Тоска Сали Мурат





