Повеќе од илјада жители биле евакуирани од неколку области во турските провинции Мерсин и Карабук поради шумски пожари, предизвикани од ненормално високи температури, јавува НТВ.
Температурата на воздухот во неколку турски градови се приближила до 50 степени Целзиусови, со што значително се зголеми ризикот од пожари.
Според надлежните служби, експертите успеале да локализираат седум шумски пожари во шест различни провинции. Ситуацијата е сè уште сериозна, а на терен се ангажирани голем број пожарникари и авиони за гаснење.





