Ако барате здрав, вкусен и освежителен десерт, пробајте го овој рецепт со само неколку состојки:
🥄 2 чаши урми без семки(претходно сварени)
🥛 2 чаши млеко
🍯 2 лажици мед
🥥 1 чаша слатка павлака/хопла
✅ Сите состојки се ставаат во блендер и се миксаат додека не се добие кремаста смеса. Потоа се става во калапи или сад по избор и се замрзнува неколку часа.
👉 Резултатот? Домашен сладолед од урми – без рафиниран шеќер, одличен за лето, деца и сите што сакаат природен вкус!





