Друзите се арапска религиска секта која практикува вера што не дозволува премин ниту да се влезе ниту да се излезе од неа, ниту мешани бракови, бидејќи се сметаат себеси за избрани. Тие веруваат дека Бог се појавил во облик на ал-Хаким бин Амриллах, дека со него завршиле пратеништвото и објавата, и дека надворешните верски обврски како молитвата, постот и аџилак се наменети за пошироката маса, додека тие ја поседуваат „скриената вистина“, која ја сметаат за голема тајна.
Друзите се појавиле на почетокот на петтиот хиџретски век (околу 11 век од новата ера), како резултат на дејствувањето на човек по име Мухамед ибн Исмаил ел-Дурази, со потекло од регионот Хорасан. Тој пристигнал во Египет заедно со неколку други мисионери за време на Фатимидскиот калифат.
Ибн Кесир во своето дело Ал-Бидаја уен-Нихаја спомнува дека Дурази ја прогласил божественоста на ал-Хаким бин Амриллах во 408 година по хиџра, што ги вознемирило муслиманите, па го убиле во Каиро. Сепак, оваа идеологија не исчезнала со неговата смрт. Таа била преземена и систематизирана од друг, уште поопасен човек по име Хамза ибн Али ибн Ахмед, кој го основал нивниот скриен верски систем, кој го учат само „иницираните“ и учените.
Ибн Халдун, исто така, во својата историја ги спомнува друзите, велејќи дека тие ја кријат својата вера и го прикажуваат исламот само за да преживеат (такијја).
Едно од нивните најважни дела е „Писма на мудроста“ (Раса’ил ал-Хикма), кои содржат тајни текстови напишани на мешавина од јазици и кодирани симболи, со влијанија од грчка филозофија и идеи од исмаилитскиот шиитски ислам.
Каде се наоѓаат?
Друзите денес живеат во Сирија, Либан и Израел, со околу еден милион припадници, од кои мнозинството живеат во јужна Сирија, претежно во провинцијата Сувајда. За време на десетгодишната граѓанска војна во Сирија, тие често се наоѓаа помеѓу силите на поранешниот режим на Асад и екстремистичките групи.
Друзите се сконцентрирани во три главни провинции блиску до Голанската висорамнина, која е окупирана од Израел на југот од земјата. Повеќе од 20.000 Друзи живеат на Голанската висорамнина, стратегиска област која Израел ја зазеде од Сирија за време на Шестдневната војна во 1967 година и ја анектираше во 1981 година.
Друзите од Голан делат територија со околу 25.000 израелски евреи населени во повеќе од 30 населби. Повеќето Друзи што живеат таму се идентификуваат како Сиријци и одбија да ја прифатат израелската државјанство. Тие добија дозвола за постојан престој, но не се сметаат за израелски државјани.
Зошто се судираат сириските сили со друзите?
По падот на диктаторот Башар ал-Асад, новиот сириски претседател Ахмед ал-Шара вети инклузивност и заштита на сите верски заедници. Сепак, во март, стотици луѓе беа убиени во кампања на репресија против алавитската секта (од која доаѓа Асад) во градот Латакија. Во април, судирите меѓу прорежимски сили и друзки милиции доведоа до смрт на најмалку 100 луѓе.
Главниот проблем во односите меѓу новата сириска влада и друзите е разоружувањето и интеграцијата на друзките милиции. Претседателот Шара се обидува да ги обедини сите вооружени групи под една државна армија, но не постигна договор со друзите, кои инсистираат да ги задржат своите оружја и автономни сили.
Друзите, од кои некои беа противници на авторитарниот режим на Асад, сè уште се внимателни кон Шара. Тие изразија загриженост за исклучувањето на нивните лидери од националниот дијалог, како и за нивното ограничено претставување во новата влада, која има само еден друзки министер.
Неколку часа по влегувањето на силите во градот во вторникот, сирискиот министер за одбрана Мархаф Абу Касра објави „примирје“ по постигнување договор со неидентификувани локални лидери. Тој изјави дека во градот е поставена воена полиција за да го контролира однесувањето на војската и да ги казни прекршителите.
Зошто интервенираше Израел?
Кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху објави во вторникот дека Израел „е посветен да не дозволи повреда на друзите во Сирија поради длабокото братство со нашите друзки граѓани во Израел и нивните семејни и историски врски“.
Околу 130.000 израелски Друзи живеат во Кармил и Галилеја на северот на Израел. За разлика од другите малцинства, друзките мажи над 18 години задолжително служат во израелската армија од 1957 година и често достигнуваат високи позиции. Многу од нив имаат кариера во полицијата и безбедносните сили.
Израелската влада еднострано прогласи демилитаризирана зона во јужна Сирија, забранувајќи влез на сили и оружје, според кабинетот на премиерот.
Сириската влада ја отфрли оваа израелска одлука и заедно со меѓународната заедница повика Израел да ги прекине воените активности што го нарушуваат сирискиот суверенитет. Израел, кој се плаши од екстремистички групи долж својата граница, задржа непријателски став кон Шара, и покрај напорите на администрацијата на Трамп да го поттикне помирувањето меѓу Сирија и Израел и да го прошири нормализирањето на Блискиот Исток.
Претходно во вторникот, духовниот лидер на друзите, Хикмет ал-Хиџри, повика на меѓународна заштита од „сите држави“ за да се соочат со „варварската кампања“ што ја водат владата и нејзините сојузнички сили „со сите можни средства“.
Во видео изјава, тој рече: „Се соочуваме со целосна војна на истребување.“
Од друга страна, некои други друзки лидери ја поздравија интервенцијата на сириската влада во Сувајда, барајќи државата да го воспостави својот авторитет. Тие, исто така, повикаа вооружените групи во градот да ги предадат своите оружја на државните сили и да започнат дијалог со Дамаск.
Пишува: Сулејман Ибраими
Ставовите изразени во овој текст се на авторот и не мора да ја одразуваат уредувачката политика на Чаршија Тајмс.





