(ВИДЕО) 🏥 Лекарите во Ал-Амал продолжуваат да работат и покрај блокадите

И покрај жестоките израелски напади и целосната блокада, лекарите во болницата Ал-Амал во Кан Јунис, јужна Газа, не ја напуштаат својата мисија – да спасуваат животи.

Израел ја прогласи областа околу болницата за „црвена зона“, но операционите сали и натаму работат, иако со минимална медицинска опрема и ресурси. Медицинскиот персонал се бори со недостаток на лекови, електрична енергија и чиста вода, а сепак продолжува да се грижи за ранетите и повредените.

Ал-Амал останува едно од ретките засолништа каде што раселените Палестинци можат да добијат итна помош и надеж дека не се заборавени.

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости