(ВИДЕО) Еколошки парадокс: Во Шпанија сечат маслинови дрвја за солари, а панелите сега „горат“ од жештините

Во шпанската покраина Андалузија, позната по своите вековни маслинови насади, во последните години се исечени стотици илјади дрвја за да се ослободи простор за соларни електрани. Проектите беа оправдани со потребата за „зелена енергија“ и борба против климатските промени.

Но, иронијата е што денес, токму под екстремните топлотни бранови, многу соларни панели не издржуваат и се запалуваат, предизвикувајќи пожари и нови штети врз животната средина.

Граѓани и еколошки здруженија во Шпанија алармираат дека уништувањето на традиционалните маслинови полиња – кои со векови биле извор на масло, култура и локална економија – е ненадоместлива загуба. Тие предупредуваат дека „зелената транзиција“ не смее да значи уништување на природното наследство и нови ризици по луѓето и екосистемот.

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости