Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган, во директен одговор до премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, по повод барањето за враќање на древниот натпис од Ерусалим, истакна:
📃 „Уште и без срам трчаш по натписот. Нема да ви го дадеме ни овој натпис, па дури ни еден камен кој припаѓа на светиот Ерусалим.“
📃 „Султан Абдулхамид ви го дале? Успеавте ли да го земете? Ние сме внуци на султанот Абдулхамид и одиме по истиот пат.“
📃 „Сè додека оваа душа е во ова тело, со дозвола на Аллах, ќе го чуваме наследството на предците и никогаш нема да го тргнеме рацете од Ерусалим.“
Станува збор за Силванскиот натпис, хебрејски натпис стар околу 2.700 години, откриен во 19-тиот век во тунел под Ерусалим. Натписот се чува во Археолошкиот музеј во Истанбул и е дел од културното наследство од времето на Османлиската империја. Израел во 1998 година побарал натписот да му биде вратен, но Ердоган кој бил тогаш градоначалник на Истанбул тоа го одбил.





