Во Белград започна воената парада „Силата на единството“, ќе биде прикажано голем број оружје

Парадата започна со пеење на националната химна и почесен артилериски оган од страна на припадниците на Гардата од шест топови од десет вода и презентирање на српското знаме, долго 300 метри и тешко 300 килограми.

Најавено е дека на парадата ќе бидат прикажани 2.500 парчиња оружје и воена опрема, повеќе од 600 возила, 70 авиони и 20 бродови.

На парадата присуствуваат и функционери од ентитетот Република Српска, како и претседателот на СНСД, Милорад Додик.

Парадата ја следат голем број граѓани собрани пред Палатата на Србија, а инцидент се случил пред почетокот на парадата.

Како што објави Нова.рс, полицајците формираа кордон во близина на Палатата на Србија за да ги спречат граѓаните и студентите да присуствуваат на воената парада.

За време на интервенцијата, полицајците употребиле физичка сила за да ги одвлечат луѓето од кордонот.

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости