📢 Не пропуштајте вечерва во Скопје: Промоција на „Такафул“ и предавање за исламските финансии

Вечерва, 30 септември 2025 година, Скопје ќе биде домаќин на голем настан посветен на исламските финансии, со гостување на хфз. д-р Едиб Смоло – автор, истражувач и еден од водечките имиња во оваа област.

👉 Во програмата се предвидени два дела:

  • Промоција на книга: „Вовед во исламското осигурување – Такафул“ (17:30 часот)

  • Јавно предавање: „Вовед во исламските финансии“ (18:30 часот)

📍 Настанот ќе се одржи во Инокс иновативен центар, Плоштад Македонија 1/1, Скопје.

Книгата „Такафул“ и предавањето ја доближуваат темата на исламското осигурување и финансии како етичка и правична алтернатива, заснована на заемна помош, солидарност и заедништво.

Организаторите упатуваат покана до сите заинтересирани да присуствуваат и да стекнат одблизу знаење од д-р Едиб Смоло.

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости