Меѓународниот кривичен суд (МКС) ја отфрли жалбата на Израел со која се оспоруваат налозите за апсење на премиерот Бенјамин Нетанјаху и поранешниот министер за одбрана Јоав Галант, издадени за воени злосторства во Појасот Газа.
На 20 мај 2024 година, обвинителот на МКС, Карим Кан, побара налози за апсење на израелски функционери за злосторства против човештвото и намерни напади врз цивили. На 21 ноември 2024 година, судот го одобри барањето и официјално ги издаде налозите за апсење.
На 15 декември, Израел поднесе жалба тврдејќи дека МКС „нема надлежност“ над израелските граѓани – но сега судот конечно ги отфрли тие аргументи.





